Почитувани,

Со задоволство Ве информираме дека Здружение на граѓани за демократија ТОГЕТХЕР МАЦЕДОНИА Битола, е официјално придружна организација членка на Коалиција на младински организации СЕГА.

Врз основа на член 23, а во врска со член 24 од Статутот на Коалиција СЕГА и член 10 од Деловникот за работа на Е-Управниот Одбор (УО), на 26 декември 2022 година УО едногласно ја прифати Вашата апликација за членство во Коалиција на младински организации СЕГА и донесе одлука за прием на ТОГЕТХЕР МАЦЕДОНИА Битола.